Анчелоти: Секој тим има различни цели… Евертон да игра Европа, а Реал Мадрид само да освојува трофеи

Карло Анчелоти денеска беше промивиран во нов тренер на шпанскиот гигант, Реал Мадрид. На промоцијата Анчелоти изјави дека е среќен што се враќа на „Сантијаго Бернабе“ и дека секој тим во светот има различни цели.

„Секој клуб во светот има различни цели. За мојот досегашен клуб Евертон целта е играње во Европа. Од друга страна Реал Мадрид има само една цел, а тоа е освојување на трофеи секоја година“, изјави Анчелоти. 

Ова е втор мандат за Италијанецот на клупата на Реал Мадрид. Претходно „кралевите“ ги водеше во периодот од 2013 до 2015 години период во кој на тимот од главниот град на Шпанија му ја донесе јубилејната десетта титула во Лигата на шампионите.

Се вчитува...