Анчелоти сликовито: Да играте против Аталанта е како посета на забар….

Карло Анчелоти ја продолжи жетвата на трофеи со Реал Мадрид откако синоќа се закити со пехарот во Супер-купот на Европа, по победата од 2-0 над Аталанта.

Со овој триумф Анчелоти стана и најтрофеен тренер во историјата на ова натпреварување со пет пехари, надминувајќи го Пеп Гвардиола кој има четири.

„Одигравме квалитетно и сметам дека заслужено победивме. Сметам дека имаме огромен квалитет, но и потенцијал за да бидеме уште подобри во иднина“, изјави Анчелоти.

Потоа, Италијанецот сликовито го опиша играње против тимот на Аталанта кој лани зема бројни скалпови во Лигата на Европа.

„Чест и привилефија е да се биде дел од вакви европски ноќи. Играњето против Аталанта е како посета на забар. На почетокот не ни беше удобно бидејќи не можевме да го правиме она што сакавме бидејќи тие се исклучително организирани. Штом добивме малку слобода во движењето се беше полесно“, прокоментира Карло Анчелоти..

Се вчитува...