Анчелоти: Судиите измислија пенал, Асенсио не играше со рака (ВИДЕО)

Реал Мадрид во 12. коло од Ла Лига испушти значајни бодови откако ремизираше со 1-1 во средбата против фенерџијата Гирона. „Кралевите“ влегова во мечот како апсолутни фаворити, но долго се мачеа да го скршат отпорот на каталонскиот противник. Откако го направија истото им беше досуден пенал, а ВАР го завршницата го „избриша“ и голот на Родриго.

Тренерот Карло Анчелоти по натпреварот беше бесен на судиите. Тој вели дека воопшто немало играње со рака од страна на Асенсио при пеналот на Гирона, нешто што докажува и видео снимка.

„Немаше пенал. Топката го удри во гради. Зборував со Асенсио и неговата позиција е навистина чудна, но тој не ја допре топката со рака. Не знам што се случи, измислија пенал. Сега што да се прави? Не можам да кажам ништо повеќе. Што да кажам за нашиот поништен гол? Голманот стигна до топката, a штом Родриго го турка, тоа е фаул. Нема да разговарам за ова, за разлика од ситуацијата со пеналот“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...