Анчелоти за Мбапе: Не сакам да коментирам…

Во текот на денешната прес-конференција на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше прашан за мислење за пропаднатиот трансфер на Килијан Мбапе во Мадрид. Французинот беше на чекор до потпис со „кралевите“, но на крајот се одлучи да остане во Париз.

Анчелоти даде џентлменски одговор околу оваа одлука на францускиот фудбалер.

„Тоа се случува, мораме да расмилиме што да направиме. Никогаш не зборуваме за играчите од другите клубови. Можеме само да ги почитуваме нивните одлуки и клубови. Многу е едноставно, сега треба да размислуваме само за финалето“, рече Анчелоти.

Повторно беше прашан да коментира за Мбапе, со што на новинарите им одлучи.

„Ја почитувам вашата работа, но никогаш нема да коментирам за играчи кој не се дел од мојот тим“, вели Анчелоти.

Се вчитува...