Селекторот на шведската репрезентација, Јане Андерсон практично ги демантираше шпекулациите околу враќањето на Ибрахимовиќ во селекцијата за Светското првенство. Тој не сакаше да навлезе во дискусија околу репрезентативната иднина на најдобриот шведски фудбалер, потенцирајќи дека вниманието по големиот успех мора да биде насочено кон оние кои го оствариле, играчите кои настапија на двомечот со Италија.
„Ова е невозможно. Златан се повлече од репрезентацијата пред една и пол година, и вие (новинарите) уште ме прашувате за него. Треба да ме прашувате за фудбларите кои вечерва се бореа на теренот, кои ги играа овие квалификации, играчите во кои верувам. Вечерва имаме многу херои во нашиот тим, емоциите преовладуваат, но очигледно пресреќен сум со севкупниот резултат. Кога Ибрахимовиќ беше во националниот состав, моравме да негуваме стил на игра кој би му одговарал нему. Откако одлучи да се повлече, ние почнавме да усовршуваме различен систем на игра, стил кој би ни одговарал и со кој би постигнувале позитивни резултати, токму како овие“, истакна Андерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА