Андоноски: Заслужена победа…, Бошковски: Во 15 години тренерска кариера вакво нешто немам видено!

Езерското дерби меѓу Охрид и Струга, кое по долги години повторно се враќа на домашната спортска сцена, го привлече вниманието вчера на ракометна Македонија. Охрид, на крајот, во извонреден амбиент ретко виден на домашните терени славеше со 26-23 продолжувајќи со својот амбициозен пат во новата сезона.

„Ваква атмосфера нема никаде моментално, а и вакви дерби средби исто така можам да кажам. Ова беше празник за ракометот и за спортот во Охрид и Струга. Публиката маестрална, за „Рибарите“ немам зборови. Не поддржаа не тренинг, по улици и нивната улога во оваа победа е голема. Мечот поради значењето го започнавме во грч, но како што одминуваше времето игравме се подобро и подобро и на крајот можам да заклучам дека заслужено го добивме натпреварот“ – вели во изјава за „Охридњус“, еден од најдобрите ракометари на охриѓани, Крсте Андоноски.

Стратегот на РК Струга, Андон Бошковски, пак вели дека во неговата ракометна кариера како тренер минал многу натпревари но може да го издвои ова дерби во така фантастична атмосфера како нешто посебно….

„Во моите 15 години како ракометен тренер ова дерби исполнето со фантастична атмосфера и добар ракомет можам да го издвојам како најдобро нешто. Едноставно секој кој беше во салата уживаше и можеше да проследи борбен ракомет до последната минута. Моите играчи со неколку технички грешки кои не се дозволиви за ваков меч потклекнаа на притисокот, а екипа како Охрид максимално го искористи. Овој пораз нема ништо да ни наруши, туку ќе не мотивира да работите уште понапорно“ – рече Бошковски по мечот.

Се вчитува...