Андоновски ги избра фудбалерките со кои ќе го нападне златото во Токио

Македонскиот стратег, Влатко Андоновски го објави списокот на фудбалерки на кои ќе смета на Летните олимписки игри во Токио. САД е прв фаворит за освојување на златниот медал откако во Токио ќе замине со најдобриот тим кој го има на располагање.

Во екипата ќе бидат Меган Рапино и Алекс Морган, а тука се и одличните Џулија Ерц и Карли Лојд.

Се вчитува...