Андреа Лекиќ меѓу трите ѕвезди на колото во ЛШ

Андреа Лекиќ беше фантастична во дресот на Вардар при рутинската победа над Битигхајм, што им го осигура на „црвено-црните“ првото место во групата и нешто полесен противник во четвртфиналето. Српската интернационалка го заврши натпреварот со осум постигнати погодоци и сосема заслужено беше избрана меѓу трите ѕвезди на петтото коло од главната фаза во Лигата на шампионите.

Покрај „вардарката“, во ова одбрано друштво се најдоа уште и Аманда Куртовиќ од ЧСМ Букурешт, како и голманката на Ференцварош, Бланка Бирко, која бранеше фантастично на дуелот со Мец.

Се вчитува...