Андреа Лекиќ се врати во Унгарија – ќе го носи дресот на Ференцварош

Еден од најдобрите српски ракометарки, Андреа Лекиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Ференцварош, потврди унгарскиот клуб. Тоа впрочем ќе претставува и враќање на српската интернационалка во Унгарија по 2013 година кога го носеше дресот на Ѓер.

Искусната Лекиќ блескавата кариерата исполнета со голем број на трофеи и достигнувања ја започна во Белград, а по Раднички, Књаз Милош, Крим и Ѓер се пресели во редовите на Вардар чиј дрес го носеше од 2013 до 2018 година. По скопскиот состав следеше трансфер во Букурешт и Будуќност, а оваа сезона ја помина во редовите на љубљански Крим.

Се вчитува...