Андреа Пенезиќ во ѕвездите на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Вардар славеше против Будуќност во Подгорица на стартот од главната фаза во Лигата на шампионите (31-28). Победата и настапот во Подгорица и донесе признание и на Андреа Пенезиќ. Ракометарката на Вардар е една од трите ѕвезди на колото во зиборот што го прави ЕХФ во својот неделен магазин.

Пенезиќ постигна осум гола и беше прв стрелец и една од клучните ракометарки на Вардар во триумфот против Будуќност.

Покрај Андреа Пенезиќ, триото ѕвезди во првото коло од главната фаза во ЛШ го комплетираат Стине Јоргенсен (Митјиланд) и Ана Грос (Мец).

* Изборот на трите ѕвезди на колото во ЛШ може да го погледнете на следниот ЛИНК

Се вчитува...