По третото последователно Светско првенство што Италија го пропушти, Џенаро Гатузо ја напушти клупата на „аѕурите“, а оттогаш Италија трага по неговиот наследник.
Во изминатите денови често се спомнуваше легендарниот Шпанец Пеп Гвардиола, но тој ја одби понудата на Паоло Малдини, техничкиот директор на италијанската репрезентација.
Сепак, Италија не губеше време и, како што пренесува италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, постигна договор со Андреа Пирло. Легендарниот играч за врска ја освои светската титула со „аѕурите“ во 2006 година, што воедно е и последниот трофеј во ризницата на Италија.
Тој нема премногу успеси во својата тренерска кариера. Ги предводеше Јувентус, Караѓумрук и Сампдорија, а моментално е тренер на Дубаи Јунајтед. Како тренер, има освоено само Куп и Суперкуп на Италија.
Како што пренесува „Газета“, договорот што тој ќе го потпише ќе важи до 2030 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
