Андреј Петковски има зад себе одлична сезона во полскиот шампионат на голот на Азоти Пулави, со што македонскиот голман си осигура нов трансфер.
Чешка ќе биде следна дестинација во кариерата на 25-годишниот чувар на мрежата, кој ги договори условите за преселба во шампионот на оваа земја, Талент Плзењ.
Овој клуб веќе го официјализираше трансферот на Македонецот, кој ќе дојде на местото на Даниел Грабеман и се очекува да биде прв голман на Плзењ во новата сеззона.
„Ново име во нашиот тим е 25-годишниот македонски голман Андреј Петковски, кој доаѓа од Пулави во Полска. Веруваме дека со неговите квалитети и искуство тој ќе му помогне на тимот за остварување на зацртаните цели во наредната сезона“, објави Плзењ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
