Андреј Стојчевски дебитираше за младинскиот тим на Жилина кој го елиминираше Интер од ЛШ!

Младиот македонски фудбалер Андреј Стојчевски кој пред неколку дена беше промовиран како ново засилување на Жилина, имаше деби од соништата. Тој денеска настапи за младинскиот тим на словачката екипа во младинската Лига на шампионите против италијанскиот гигант Интер. Влезе во игра во последните мигови, а неговиот тим го елиминираше италијанскиот великан со 3-1.

Стојчевски го почна мечот од клупата, а влезе во игра во 77. минута при 2-1, со што неговиот тим до крајот постигна уште еден гол, и приреди шок за фаворитот.

Стојчевски дојде во Жилина од Академија Пандев, и има добра препорака за првиот тим дека може да смета на него во иднина. Во минатото беше дел и од младинскиот тим на Вардар.

Се вчитува...