Андреј Темов доминантно до триумф на Скопје Опен 2026

Македонскиот тенисер Андреј Темов на доминантен начин го заврши настапот на турнирот Скопје Опен 2026 за тенисери и тенисерки до 14 години што се играше оваа недела на терените на ТК Југ. Турнирот беше од категорија 3.

Темов до триумфот во поединечна конкуренција стигна без загубен сет, а единствено во полуфиналето одигра еден сет во тајбрејк. Тој во финалето го победи Златан Јорданов од Бугарија со 2-0 во сетови (62, 60). Во полуфиналето го победи Британецот Марк Фулвуд со 2-0 (76(7), 60), а во четвртфиналето го надигра Кан Карочкај од Унгарија без загубен гем 2-0 (60, 60). Во првото коло беше слободен, а во второто го совлада Виктор Дамјанов од Германија 2-0 (61, 61), а Новак Тешиќ од Србија го победи со 2-0 (62, 61).

Во конкуренција на двојки Темов заедно со Џејмс Бартон од Австралија победија во конкуренција на двојки откако во финалето ги победија Никола Лакетиќ и Новак Тешиќ од Србија со 2-0 (63, 61). Ова е втор триумф на оваа двојка, откако претходната недела победија на турнирот во Куманово.

Кај девојчињата во конкуренција на двојки победија Јулијана Димитрова (Бугарија) и Маја Мунтеану (Романија), кои со 2-0 во сетови (61, 64) ги победија Ведрана Танеска од Македонија и Сара Крале (Германија). Во полуфинале во конкуренција на двојки од македонските тенисерки настапија Деа Крстевска со Нина Акдоган и Миа Николовска со Габриела Мендоза.

Во женска конкуренција победи Маја Мунтеану.

Се вчитува...