Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски, постигна два гола за ТСЦ во ремито 2-2 против Раднички Крагујевац на гостински терен. Со тоа ТСЦ освои важни бодови за опстанокот во српската лига, иако му престои уште многу борба за да го обезбеди останувањето во „елитата“ на Србија.
Откако ТСЦ имаше негатива од 2-0, на сцена стапи Тодороски кој најпрво во 52. минута намали, а потоа во 64. минута од белата точка успеа да донесе еден бод за својата екипа.
Со овие два гола, сега Тодороски постигна осум погодоци во најдобрата српска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
