Ањели донел одлука: Роналдо си оди на крајот од сезонава

Јувентус е подготвен да го продаде Кристијано Роналдо, одлука на која извесно време се спротивставуваше претседателот Ањели, но сега и првиот човек на „старата дама“ е решен се раздели од португалскиот репрезентативец. Проблем се парите – Роналдо е убедливо најплатен фудбалер на Јуве со над 30 милиони евра по сезона, а во ситуација на огромна криза поради Covid-19 челниците на Јуве се решени на ваков начин да ги намалуваат трошоците во клубот.

Ањели се надева дека со тоа ќе се стабилизираат и платите во екипата, со оглед на фактот дека Роналдо моментно заработува пет пати повеќе од Дибала, кој токму поради овој факт ги крена барањата во преговорите за потпис на нов договор. На челниците на Јувентус им е јасно дека со продажбата во јуни 2021 година нема да можат да си ги вратат стоте милиони евра што му ги платија на Реал Мадрид, но се надеваат дека би можеле да добијат барем половина од оваа сума при трансферот на Кристијано.

Целата ситуација ја следат челниците на ПСЖ, кои би можеле да тргнат по Роналдо доколку Мбапе биде продаден на крајот од сезонава, а не се отфрла ниту можноста Манчестер Јунајтед да тргне во офанзива и да ја врати португалската суперѕвезда на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...