Ањели е загрижен – Пирло пред отказ во Јувентус

Авантурата на Андреа Пирло како прв тренер на Јувентус би можела да трае многу кратко, откако Андреа Ањели отворено изразил загриженост од моментната форма на тимот, но и сомнеж во квалитетите на Пирло како човек кој би можел да најде излез од кризата.

„Старата дама“ ремизираше со ривали како Кротоне и Верона, додека во ЛШ на Пирло и неговите избраници им беше одржана лекција по фудбал од Барселона, екипа што и самата се наоѓа во криза, но во вторникот во Торино демонстрираше апсолутна надмоќ на теренот. Отказот не е спремен, Пирло ќе добие уште една шанса да се докаже како може да го води тимот кога Кристијано Роналдо ќе му се врати на располагање. Доколку и тогаш Јувентус не игра онака како што му доликува на актуелниот првак на Италија, Ањели без многу размислување ќе се реши за тренерска смена.

Како можна опција се споменува актуелниот италијански селектор Роберто Манчини, а во игра во оваа трка сигурно ќе бидат и Маурицио Покетино, па дури и Зинедин Зидан, чие место во Реал Мадрид не е најсигурно.

Се вчитува...