Анелка со порака до Мбапе: Не можеш да ја освоиш Златната топка со ПСЖ

Легендарниот француски фудбалер Николас Анелка напиша отворено писмо кое го испрати до француската суперaѕвезда Килијан Мбапе. Во него, Анелка го советува младиот играч да го напушти Пари Сен Жермен затоа што мора да игра со најдобрите во светот.

Мбапе има договор со „светците“ до крајот на следната сезона, а потоа може слободно да избере нов клуб. Тој веќе може да го напушти Париз ова лето, а како дестинација најчесто се споменува Реал.

„Почитуван Клијан, головите се лек против раните предизвикани од изведувањето на пенали … Ако сакаш поголеми награди, мора да го напуштиш ПСЖ. Имаш две опции, да останеш во Париз или да одиш во Реал. Со двата тима можеш да ја освоиш Лигата на шампионите. но изборот зависи од тоа што сакаш да постигнеш во фудбалот. Ако сакаш најголеми награди, во одреден момент ќе мора да го напуштиш ПСЖ. Што и да правите во Париз ќе биде добро, но секогаш ќе има некој што ќе ви каже колку добро игравте во ПСЖ, но само во Франција и дека најдобриот фудбал се во Англија и Шпанија“, пишува Анелка.

Николас го советуваше Мбапе дека доколку сака да се доближи до успесите на Роналдо и Меси, тогаш време е да се зададе поголем предизвик во своајта кариера.

„Ако сакаш да ја освоиш златната топка, треба да направите нешто на лик на Роналдо и Меси? – Мора да се натпреварувате со најдобрите. Не можете да го направите тоа во ПСЖ. Француската лига не е силна, но најсилна во Европа се англиската и шпанската лига. Ако сакате да бидете меѓу најдобрите, направи го она што го правиш во Париз во Челси, Јунајтед, Арсенал, Сити, Ливерпул. Оди во Мадрид или Барселона, или можеби Италија. Тогаш можеме да зборуваме за глобално влијание“, заклучи Анелка.

Се вчитува...