Ангелов со порака до Романците: Барди ќе донесе триумф за Македонија

Македонскиот интернационалец и фудбалер на романски Волунтари, Виктор Ангелов за романските медиуми изјави дека ги очекува пораз на мечот против Македонија кој ќе се игра денеска во склоп на квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

„Имаме силен тим, силна група на играчи, пред сѐ Барди, Елмас, тука е Велковски во одбрана. И ќе победиме, 1-0 со гол на Барди. Македонија е без Горан Пандев, нашиот лидер и најдобриот фудбалер во последната деценија и тоа е најголема разлика од тој меч во март во Букурешт заедно со новиот селектор. Но, јас добро го знам селекторот (Милевски – н.з.), соработував со него во младата репрезентација, тој е еден од најдобрите тренери во Македонија и пред сѐ – прекрасен човек. Сака да игра офанзивно, со многу додавања, со пресинг и не се плаши од никого. Јас од него многу научив и знам дека Македонија со него многу ќе напредува“, изјави Ангелов. 

Се вчитува...