Ангеловски: Дојдовме на ЕП со цел за втор круг, дуелот со Украина е еден вид финале за нас

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Македонскиот селектор Игор Ангеловски вели дека утрешниот дуел со Украина од 15 часот на националната арена во Букурешт ќе биде еден вид финале за националниот тим на Европското првенство 2020.

„Оставен е зад нас натпреварот со Австрија извлекувајќи ги сите позитивни поуки. Сега не чека натпреварот со Украина кој е еден вид финале за нас на ова Европско првенство. Ние дојдовме на ЕВРО 2020 со цел да се пласираме во вториот круг, и таа наша цел останува. Не се откажуваме од тоа и секако се фокусираме. Утрешниот натпревар е важен за двете репрезентации, знаеме дека кој ќе победи оди во следниот круг, но не чувствуваме притисок туку напротив мотив за квалитетна игра и позитивен резултат“ – истакна Ангеловски на официјалната прес-конференција

Коментирајќи го изминатиот дуел со Австријците, Ангеловски нагласува дека се извлечени поуките од тој дуели и сега ќе име извесни корекции за пресметката со Украина.

„Не би коментирал за суспензијата на Арнаутовиќ, тој случај УЕФА го следеше и заокружи со суспензија. Од мечот со Австрија ние ги извлековме позитивните нешта и тоа ќе мора да се примени на утрешниот дуел“ – вели Ангеловски.

Се вчитува...