Ангеловски: Доминиравме, но, за жал, не победивме

Македонија ремизираше (1-1) против Албанија во Струмица, а селекторот Игор Ангеловски и фудбалерите можат да жалат за неостварениот триумф. Многу шанси беа пропуштени во завршницата од мечот, а албанскиот голман Бериша беше најдобар поединец во гостинската селекција.

„Им честитам на фудбалерите за желбата и карактерот што го покажаа на овој натпревар. Доминиравме, создадовме многу шанси, но на крајот, за жал, не победивме. Таков е фудбалот…Кога противничкиот голман е најдобар на теренот, тогаш јасно е која селекција беше подобар противник. Примивме гол од првиот удар кон нашиот гол, а потоа тргнавме во комплетна офанзива и тоа донесе израмнување. Имавме шанси и за триумф, но, за жал, Несторовски не погоди. Кога ќе жалиш за триумф против селекција што учествуваше на последното Европско првенство, тогаш е јасно дека фудбалерите одиграа на потребното ниво, а недостигаше само подобра реализација“, изјави селекорот на македонскиот национален тим, Игор Ангеловски, на прес – конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...