Ангеловски: Доминиравме, требаше да победиме!

Македонија комплетно ја надигра Турција, селекцијата која се наоѓа на 26.место на листата на ФИФА, на пријателскиот натпревар во Скопје, но, за жал, не успеа и со голови да го валоризира своето одлично издание. Селекторот Игор Ангеловски вели дека е задоволен од играта, но не и од резултатот, реми без голови.

„Задоволен сум од играта, доминиравме против една силна селекција на Турција која е на 26.позиција на листата на ФИФА, но, за жал, не успеавме да го материјализираме тоа и со голови. Честитки за моите фудбалери, кои покажаа голема желба, ја презедоа иницијативата, посебно во вториот дел, но едноставно моравме и да постигнеме погодок кој ќе ни донесе триумф. Благодарност и до публиката која дојде да не бодри, но против Шпанија, доколку сакаме да бидеме конкурентни, ќе мораме да имаме и пеколна поддршка од трибините. Јас можам да ветам дека ќе играме со огромна мотивација, со нескриена желба да го изненадиме гигантот, но за такви сензации потребна е и поддршка од трибините, многу поголема од оваа што ја имавме вечерва. Секако, уште еднаш сакам да потенцирам дека сум задоволен од изданието, но не и од резултатот на овој пријателски меч“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...