Ангеловски: Енис цела репрезентација е со тебе … Се надевам дека тоа ќе биде последната лоша вест

Македонија ја стартуваше „Операцијата ЕВРО 2020“. Селекторот Игор Ангеловски прво испрати зборови на поддршка за Енис Барди кој денеска беше позитивен на Ковид-19 велејќи дека има поддршка од сите кои што се во репрезентацијата.

„Најнапред жалам што овие подготовки кои сите со нетрпение ги очекувавме започнаа со непријатна вест. И сега да испратам порака до Енис дека сите членови на А-репрезентацијата стоиме зад него. Најпрво да помине без симптоми и што побргу да го добие тој негативен тест и да ни се приклучи во репрезентацијата. Се надевам дека ова ќе биде последна лоша вест во овие подготовки. Што се однесува до останатите сите оние кои беа планира да пристигнат се тука, а останатите, Адеми, Пандев и Димитриевски ќе се приклучат на крајот. Се надевам дека ќе одработиме добри подготовки и подготвени ќе отидеме во Букурешт“, вели Ангеловски. 

Околу подготовките тој додава дека и покрај тоа што одлично се познаваат пријателските натпревари против Словенија и Казахстан дополнително ќе помогнат и ќе бидат клучни за подготвување на тактиката за Европското првенство.

„Од првиот момент кога застанав на оваа позиција кажав дека секој собир е значаен и секој натпревар е значаен кога се игра за репрезентацијата. Така е и сега без разлика што се работи за подготовки за ЕВРО пристапот мора да биде ист како и досега, ништо поразлично не практикуваме и не сакаме да примениме. Како што беше до сега така ќе се подготвуваме и за Европското првенство. Тоа се два подготвителни натпревари кои ќе ги искористиме за одредени тактички варијанти. Тренингот и подготвителните варијанти ќе бидат клучни за тактички да се подготвиме. Имам кажано долго време сме заедно добро се познаваме, но и овие натпревари ќе ни помогнат во тоа. 

Се вчитува...