Поранешниот селектор Игор Ангеловски и натаму ја чека првата победа на клупата на Горица во хрватското првенство. Единствениот триумф го има во Купот, додека во првенството го освои само вториот бод.
Денеска во одложениот натпревар, неговиот тим стигна само до бод во дуелот со Славен Белупо на домашен терен. Натпреварот заврши 1-1. Славен имаше водство во 9. минута, а потоа од 21. минута и играч помалку, но единствено Вујновиќ успеа да израмни и така да донесе само бод.
Горица и натаму останува без победа во „мандатот“ на Ангеловски, и е на последното место со катастрофални седум бодови од 15 натпревари и е најсериозен кандидат за испаѓање.
Овој дуел требаше да се игра вчера, но поради густа магла беше поместен за денеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА