Ангеловски: Има ли поголем мотив, играме со Шпанија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски вели дека репрезентативците се комплетно подготвени да се соочат со големиот фаворит, Шпанија, утре во квалификациите за СП 2018 во Русија.

„Утре играме против репрезентација која сметам дека е меѓу четирите најдобри во светот. Но, без разлика на моќта на противникот, очекувам моите фудбалери да дадат се од себе. Нема потреба за некаква дополнителна мотивација, самиот противник ни ја дава потребната“ – истакна Ангеловски на денешната средба со медиумите, притоа дополнувајќи:

„Ние сме подготвени да одговориме на предизвикот. Играме во Скопје, така да и двете селекции имаат исти услови за фудбал. Имавме доволно можност да ја анализираме тактиката на Лопетеги, и сметам дека ќе ги откриеме и искористиме грешките на шпанските фудбалери“.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра утре со почеток од 20:45 часот на „Телеком арената“ во Скопје.

Се вчитува...