Ангеловски: Како да се исплашивме од триумфот…

ЕКИПА во Љубљана, 

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Македонските одбојкари посакуваа победа, но дебито на ЕП во заокружија со еден освоен сет и пораз од Финска. Дарко Ангеловски вели дека Македонија имаше свои моменти, но како да се исплаши од триумфот. Според него, пресуден бил првиот сет во кој нашиот национален тим имаше водство од четири поени (18-14), но на крајот го загуби. Можеби се ќе беше поинаку…

„Се надевавме на поинаков почеток на ЕП, но загубивме. Можеше да биде поинаку и мислам дека пресуден беше првиот сет. Имавме водство и добра игра, но некои грешки сепак не смеевме да си ги дозволиме. Како да се исплашивме од триумфот. Сега ни следи Турција…Ние мислиме дека и нив можеме да го победиме, но тие и земаа сет на Русија и сигурно нема да биде лесно“, изјави Дарко Ангеловски, по поразот од селекцијата на Финска.

 

Се вчитува...