Ангеловски: Ќе има мали промени, но нема премногу да експериментирам против Казахстан

Фудбалската репрезентација на Македонија утре против Казахстан ќе го одигра последниот подготвителен натпревар пред заминувањето за Букурешт и настапот на Европското првенство. Селекторот Игор Ангеловски вели дека Казахстан не е аутсајдер и има квалитетна репрезентација која може со секого да се надигрува.

„Ќе го искористиме натпреварот како подготвителен тренинг меч. Казахстан не е во рангот на Лихтенштајн и Гибралтар. Имаат доста млади квалитетни фудбалери кои играат во домашната лига. За нивниот квалитет кажува и тоа што успеаја да одиграат реми против Украина во квалификациите за Светското првенство. Мислам дека ќе биде добра проверка. Ќе излеземе во различен тим, но нема да биде целосен експеримент. Сите што се во мојот тим ќе добијат шанса за да конкурираат во тимот“, вели Ангеловски. 

Натпреварот против Казахстан е закажан за утре од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...