Ангеловски: Од морални причини понудив оставка, но не беше прифатена од клубот

Горица во среда ја чека нов предизвик, тимот на Игор Ангеловски ќе гостува кај Пољуд каде ќе биде одигран одложен натпревар против Хајдук.

Екс-селекторот на Македонија има лоша сезона со тимот на Горица. Забележа победа во купот, но дојде нов пораз во првенството од Локомотив, по што ја презеде одговорноста нудејќи оставка на раководството.

„Натпреварот против Локомотива беше можност да дојдеме до три бода и што поскоро да ги стигнеме другите екипи. За жал, одигравме две сосема различни полувремиња, а на крајот и го загубивме натпреварот. После тоа од морални причини почувствував дека треба да отидам кај претседателот и да му понудам оставка, но претседателот не ја прифати и се подготвуваме за натпреварот против Хајдук. Договоривме некои работи во клубот да се обидеме да го решиме ова и мислам дека можеме да се извлечеме. Исто така, мислам дека играчите треба да ја разберат ситуацијата во која се наоѓаме, да ги собереме главите и да се обидеме да освоиме што е можно повеќе бодови од овие четири натпревари“, изјави Ангеловски.

Горица иако е во многу тешка позиција, тоа е и мотивација за Ангеловски.

„Ситуацијата не е добра, но е мотивирачка. Тренерот овде треба да го покаже најдоброто од себе и да го извади тимот од оваа ситуација, сите сме свесни дека не заслужува да биде тука. Има многу причини … секогаш ќе им велам на момците да го покажат најдоброто од себе на теренот, дека треба да направиме уште повеќе, но и дад бидеме уште посилни и уште подобри. Мотивацијата е навистина голема да се извлече тимот од ваква тешка ситуација“, потенцираше менаџерот на Горица.

Се вчитува...