Ангеловски: Оставка? Се е тоа договорено со претседателот

Горица на поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски загуби со 3-1 на гостувањето кај Хајдук во заостанатиот натпревар од четвртото коло Хрватската прва лига и сега е последна со дури шест бода заостанување зад деветтопласираната Риека.

Поради слабата низа на резултати по неговото доаѓање и само еден освоен бод се повеќе се говори за негово заминување од клубот, но Македонецот не мисли така…

„Оставка? Со претседателот договорив се. Добив голема доверба бидејќи покрај функцијата тренер, ги извршувам и обврските спортски директор. Може да се стигнат шест бода во фудбалот. Не смееме да се предадеме. Имаме уште 22 натпревари до крајот на првенството. Мора да продолжиме да веруваме во себе и да се бориме. Хрватската лига никогаш не била порамноправна. Горица загуби неколку бодови поради сплет на околности. Не бевме инфериорни во ниту еден натпревар“, изјави Ангеловски. 

Се вчитува...