Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски им посака среќа на фудбалерите за вечерашниот натпревар против Италија. Тој потсети на натпреварот со Италија кој се одигра во Торино и заврши 1-1.
„Пред вечерашниот натпревар со Италија четирикратен светски и актуелен европски шампион. Сакам да ви посакам среќа за уште еден успех. Влогот е голем и за Македонија и за Италија. Покажавте во Торино пред многу години дека го можете тоа. Навиваме за Македонија“, напиша Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА