Ангеловски: Премногу го респектиравме Киелце на почеток… имаме квалитет, но треба многу, многу работа…

Бранислав Ангеловски не успеа да приреди сензација на своето деби на клупата на Еурофарм Пелистер откако македонскиот првак загуби на домашен терен од Киелце со 21-24.

Како пресуден се покажа катастрофалниот старт по кој гостите од Полска поведоа со 2-9, „пелистерци“ потоа заиграа далеку подобро, дојдоа на само еден гол негатива, но нема сили за целосен камбек.

„Не е лесно да се игра против тим што е актуелен европски вицешампион. Мислам дека премногу го респектиравме Киелце на самиот почеток, што придонесе да се дојде до оние 2-9. Потоа правевме се за да се вратиме во игра, Лесјак бранеше чудесно на голот, дадовме лесни голови во нападот… Новитет беше играта „седум на шест“ во нападот, на која работевме само еден тренинг утрото пред мечот, но можеше да се види дека вроди со плод. Благодарен сум на ракометарите за вербата што ја имаат во себе, тие се свесни дека поседуваат квалитет, но сепак за нешто повеќе на европската сцена ќе треба многу, многу да се работи“, изјави Ангеловски по поразот од Киелце.

Се вчитува...