Ангеловски во очекуваниот состав со Пандев и Трајковски во нападот

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Игор Ангеловски ги одреди единаесетмината кои ќе истрчаат на Букурешт арената, на историскиот прв натпревар на Македонија на Европските првенства.

Како и што беше очекувано Ангеловски во нападот ќе стартува со двоецот Горан Пандев и Алекс Трајковски. Енис Барди кој беше заразен со корона ќе стартува на мечот во средниот ред заедно со Аријан Адеми.

 

Се вчитува...