Ангеловски: Во второто полувреме покажавме зошто сме на Европско првенство

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Македонија загуби со 2-1 од Украина во натпреварот од 2. коло од Ц групата на Европското првенство 2020. Селекторот Игор Ангеловски по натпреварот изјави дека во второто полувреме покажаа зошто се најдоа на Европско првенство.

„Натпреварот трае 90 минути. Влеговме попрезнатливо во мечот. Примивме гол од корнер. Среќата беше на нивна страна. Тие за малку успеаја да постигнат гол, ние офсајдот на Пандев центиметрите не беа на наша страна. Второто полувреме одигравме одлично и покажавме зошто сме на Европско првенство. Првиот дел го изигравме навистина слабо, но во втрото полувреме покажавме одлична игра. Кога на крајот публиката ќе те испрати со овации и аплаузи се кажува како си одиграл на тој меч.  Со Холандија ќе одиме на храбра игра и нема да се предадеме. Нема поголем мотив од тоа да играш против Холандија. Се надевам дека покрај добрата игра ќе успееме да стигнеме и до првите бодови на ова ЕП“, изјави Ангеловски.

 

Се вчитува...