Англичаните ги предупредуваат своите навивачи: Не одете на Мундијалот во Русија! (ВИДЕО)

Англиските медиуми водат интензивна кампања против присуството на нивните навивачи на Светското фудбалско првенство во Русија во 2018 година. Се позачестените инциденти и тепачки во кои се вклучени руските хулигани ги плашат Англичаните и носат предупредување пред следниот Мундијал.

По тешките судири на руските и на англиските навивачи на Европското првенство во Франција во 2016, англиските медиуми веќе подолго време ги предупредуваат своите навивачи дека не треба да одат во Русија следната година. Англичаните сметаат дека Русија е исклучително опасна зона за навивачите посебно поради нивните хулигани, а посилните медиуми во оваа кампања објавуваат и видеа од бруталните тепачки на руските навивачи со цел да ги спречат потенцијалните проблеми што би можеле да настанат на фудбалскиот Мундијал доколку повторно дојде до навивачки судири.

Се вчитува...