Англичаните го објавија дресот за ЕВРО 2020, фановите разочарани (ФОТО)

Англиските фанови воопшто не се импресионирани откако во јавноста беше објавена фотографија од дресот што „гордиот албион“ ќе го носи на претстојниот европски шампионат.

Англискиот национален тим вообичаено е препознатлив по одличниот дизајн на опремата, но навивачите се разочарани од изборот на ФА и компанијата „Најк“. Како инспирација е земен еден од дресовите што оваа репрезентација ги носеше во деведесеттите години, што не наиде на одобрување кај јавноста на „островот“, која има многу повеќе критики, отколку пофалби за новиот дизајн.

Се вчитува...