Англичаните „лудуваа“ во Амстердам: Полицијата уапси 90 хулигани (фото + видео)

Околу 90 англиски навивачи вчера беа уапсени во Амстердам откако нивното расположение излезе од контрола непосредно пред почетокот на средбата помеѓу Холандија и Англија. Дивеењето низ улиците на холандската метропола ги надмина сите граници по што полициските службеници мораа да стапат во сила. Немилите сцени се случуваа на неколку локации, толпата навивачи остави пустош зад себе.

Фудбалската репрезентација на Англија вчера со минимална победа над Холандија (1-0) ги започна првите подготовки за Светското првенство во Русија. На пријателската пресметка во Амстердам единствениот погодок го постигна Џеси Лингард, негов дебитантски гол за „гордиот Албион“.

Се вчитува...