Шокантен трансфер: Грилиш ќе остане во Манчестер, но ќе носи „црвено“?

Трансферот со кој Џек Грилиш заврши во Манчестер Сити во 2021 година од Астон Вила и понатаму е седми во историјата ако се земат предвид парите наменети за реализација на таа работа. Сити го донесе Грилиш за 117 милиони евра, а потоа со негова помош ја освои Лигата на шампионите и во низата клупски успеси додаде три трофеи од Премиер лигата. Левото крило повеќе не е во преден план на Пеп Гвардиола.

Тој само двапати одигра целосен натпревар оваа сезона во англиското првенство, а на последните четири во кои беше на располагање, двапати беше на клупата, еднаш одигра шест минути, а вториот пат играше 27 минути. Неговата иднина во Сити е неизвесна“, пишува Дејли Мејл, додавајќи дека Гралиш е интересен за градскиот ривал Јунајтед. Можниот трансфер е опишан како „шокантен“.

Со само шест старта од првата минута во оваа сезона во Премиер лигата, Гралиш се појави на само 15 натпревари со само една асистенција. Вкупно оваа сезона одигра 21 натпревар за Сити, постигна еден гол и четири пати асистираше. Тој го постигна единствениот гол и имаше две асистенции на натпреварот од ФА Купот против нисколигашот Салфорд Сити во победата од 4-1.

Последен играч кој направи трансфер од едниот во другиот тим на Манчестер беше Карлос Тевез кој во 2009 година од Јунајтед, се пресели на „Етихад“.

Се вчитува...