Англичаните останаа без Маркус Рашфорд

Англиската репрезентација ќе биде осетно ослабена за стартот од квалификациите за ЕВРО 2020 откако Маркус Рашфорд отпадна од комбинација за настап на првите две средби против Чешка и Црна Гора.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед веќе неколку натпревари играше повреден за својот клуб, а по доаѓањето во репрезентативниот табор и деталните прегледи беше утврдено дека ризикот да продолжи да игра е преголем и може да дојде до сериозна повреда. Поради тоа селекторот Саутгејт на денешната прес-конференција обелодени дека Рашфорд дефинитивно нема да биде во комбинација за домашниот дуел со Чешка, како и за наредното гостување во Подгорица.

За очекување е од првата минута во таборот на „гордиот албион“ да се појави тинејџерот Џејдон Санчо, кој има сезона од соништата во дресот на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...