Англичаните се „извлекоа“ на Исланд: Триумф во 90. минута со гол од пенал на Стерлинг

Репрезентацијата на Англија успеа со гол од пенал на Стерлинг во 90. минута да дојде до минимална победа од 0-1 на гостувањето против Исланд во првото коло од Групата 2 во Лигата на нации.

Англичаните целосно доминираа на дуелот, статистички далеку поубедливи од домаќините но не успеаја да реализираат од неколку одлични можности се до самиот финиш кога се случи драмата.

Стерлинг погоди од пенал за водство од 0-1, но победата беше осигурана кога Бјарнасон во 93. минута не успеа да реализира од белата точка за домашните.

ЛИГА НА НАЦИИ (ЛИГА А – 1. коло)

Група 2

Исланд – Англија 0-1

Данска – Белгија (20:45 ч.)

Се вчитува...