Англија официјално на ЕП, Македонија повторно ќе ја „крои“ судбината на Италија (ВИДЕО)

Во вечерашното дерби во евро квалификациите, селекцијата на Англија на преполниот „Вембли“ и се реваншираше на Италија за поразот во финалето на минатото Европско првенство, и така обезбеди и дефинитивно учество на Европското првенство идната година во Германија.

Англичаните иако губеа, на крајот стигнаа до триумф од 3-1, и така му ја загорчија судбината на италијанскиот тим, кој ќе мора во последните две кола да ја совлада Македонија, и да остане непоразен кај Украина, за да обезбеди ЕП преку квалификациите, а ако не успее, тогаш ќе бара место преку Лигата на Нации.

Се беше совршено за Италијаните во 15. минута кога Скамака успеа да донесе предност за гостите. Сепак, Кејн од пенал во 32. минута успеа да израмни, за во вториот дел „азурите“ целосно се распаднат пред налетите на домашните. Рашфорд во 57. минута донесе водство за Англија, а потоа Кејн и дефинитивно ја однесе својата селекција на ЕВРО, остајвајќи ја Италија да „виси“ до последен миг и да зависи од Македонија.

Украина со многу проблеми успеа да ја совлада Малта во Валета. Украинците шокантно губеа 1-0, но направија брз пресврт за само пет минути. Мбонг донесе предност за Малта во 12. минута. Камензули си постигна автогол во 38. минута за израмнување, а потоа во 43. минута Довбик од пенал донесе предност. Украинците до конечна победа од 1-3 стигнаа во 86. минута кога погоди Мудрик, за негов прв гол во дресот на Украина.

Италија во ноември треба да игра во Рим против Македонија и да гостува на Украина. Украина, пак, има уште еден натпревар, само со Италија. Македонија ако успее одново да ја „шокира“ Италија, може да се случи „азурите“ да не обезбедат учество на ЕП ако не ја победат Украина. Во спортивно, ако победат, тогаш ќе им треба само бод против Украина за да дојдат до второто место.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...