Англија падна во Чешка, минималец на Франција и јубилеј на Роналдо

Репрезентацијата на Чешка ја совлада Англија со 2-1 и го приреди најголемото изненадување во вечерашните квалификациски натпреавари за Светското првенство во 2020. година. Гостите поведоа со голот на Кејн од пенал во 5. минута. Чесите преку Брабец израмнија на 1-1 во 9. минута, а големи три бода за Чешка донесе Ондрашек во 85. минута. Ова за Англичаните беше прв пораз по 42 квалификациски натпреавари.

Светскиот шампион Франција со голот на Жиру од пенал во 66. минута успеаја да триумфираат на тешкото гостување кај Исланд.

Актуелниот европски шампион Португалија рутински го совлада Луксембург со 2-0. Португалците поведоа со голот на Бернардо Силва, на 2-0 зголеми Кристијано Роналдо со 700 гол во кариерата, а конечните 3-0 ги постави Гуедеш.

Резултати Евроквалификации:

Чешка – Англија 2-1, Португалија – Луксембург 2-0, Исланд – Франција 0-1, Украина – Литва 2-0, Црна Гора – Бугарија 0-0, Турција – Албанија 1-0 и Андора – Молдавија 1-0.

Се вчитува...