Англија ремизираше против Италија на „Вембли“ (1-1)

Италија успеа да се спаси од пораз против репрезентацијата на Англија на гостувањето на „Вембли“ при конечни 1-1. Избраниците на Герет Саутгејт стигнаа до водство со голот на Џејми Варди во 26. минута, додека „аѕурите“ ќе жалат за промашените шанси на Чиро Имобиле во првиот дел. Сепак, Лоренцо Инсиње реализираше од белата точка во 87. минута и ја прекина серијата од 10 часа во низа без примен гол на англискиот состав.

Фрустрирачка вечер за подмладената репрезентација на Италија, која повторно не успеа да се избори за позитивен резултат, по дебаклот од Аргентина (3-0) пред четири дена. „Гордиот албион“ се надеваше на победа со идентичен резултат како на „контролката“ против Холандија, но Саутгејт ќе мора да се задоволи со реми.

Се вчитува...