Англиски „Мирор“: Македонските „убијци на џинови“ подготвени да го уништат и Роналдо!

Македонија на неверојатен начин ја шокираше фудбалска Европа со елиминацијата на Италија и пласманот во финалето од баражот за место на СП 2022 во Катар. Сето тоа, како магнет, ги привлече и големите европски медиуми кои со серија текстови се насочуваат кон македонските фудбалски херои кои во последните 12 месец веќе имаат два големи фудбалски „скалпа“ – Германија и Италија. На ред ли е уште еден?

Угледниот англиски „Мирор“ со сензацинален наслов „Македонските убијци на џинови подготвени да го уништат и Роналдо“, ја најавува утрешната пресметка на „Драгао“ во Порто.

„Македонија вистински го шокираше фудбалскиот свет со елииминацијата на Италија, а балканската нација сега очекува уште едно „убиство на гигант“ против Кристијано Роналдо и Португалија. Португалците очекуваат пласман на Мундијалот во Катара, но искрено, соочувањето со Македонија, тим кој брзо стекна репутација со своите убиства на фудбалски гиганти, нуди несигурно сценарио на ‘Драгао’“ – пишува „Мирор“ и дополнува:

„На 37 години, за Роналдо ова е неговата последна реална можност да игра на Светско првенство и тоа ќе ја поттикне неговата решеност да ја однесе својата нација на турнирот во Катар. Но, пред се имаат репрезентација како Македонија која има неверојатна за замислување историја на дофат. Македонците сигурно до последен здив ќе се борат да додат уште една селекција на нивната постојано растечка листа на големи изненадувања“.

Се вчитува...