Англиско финале и во Лига Европа: Челси подобар по пенал-рулетот од Ајнтрахт Франкфурт (ВИДЕО)

Тотална англиска доминација сезонава во европскиот фудбал, откако Челси и Арсенал обезбедија финале и во Лигата на Европа, по она во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем. Челси си закажа финале против „топчиите“ откако дури по пенал серијата беше подобар од Ајнтрахт Франкфурт со 4-3.

За Англичаните во пенал-рулетот погодија Баркли, Жоржињо, Давид Луиз и Азар во петтата пенал серија, а кај Ајнтрахт Франкфурт во последните две серија промашија Хинтерегер и Пасиенсија, што пресуди за конечниот победник.

Во регуларниот дел од натпреварот Челси поведе против Ајнтрахт во 28. минута со голот на Лофтус-Чик, но Германците се изборија за продолженија благодарение на голот на Јовиќ во 49. минута…


Откако во продолженијата потоа без погодок на двете страни, на крајот одлучија ударите од белата точка во кои посреќни беа па си закажаа финале со Арсенал во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Се вчитува...