Американката, Аманда Анисимова искажа серија пофални зборови за македонската тенисерка Лина Ѓорческа, по победата во првото коло на Вимблдон.
Шестата носителка на грандслем турнирот потенцираше дека мечот воопшто не бил така наивен против Македонката која демонстрираше храбар тенис.
„Среќна сум што се вратив тука со победа по минатогодишното финале, иако мора да признаам дека се чувствував малку тешко во текот на мечот. Лина Ѓорческа, пак, имаше неколку натпревари тука пред овој меч, и може да кажам дека таа игра одличен тенис. Но, се подготвував напорно за овој турнир и сакам повторно да дојдам до самата завршница“, рече Анисимова по победата над Ѓорческа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
