Анкарагучу со понуда за Елиф Елмас

Елиф Елмас не доби шанса каква што заслужува во Фенербахче, поради суперталентираниот македонски фудбалер најверојатно ќе биде испратен на позајмица за наредната сезона во клуб каде што би имал поголема минутажа. Турскиот прволигаш Анкарагучу е клубот што веќе подготвил понуда за да го доведе Елмас во своите редови, ставајќи го Македонецот на врвот на својата листа со желби.

Анкарагучу летово конечно успеа да обезбеди враќање во елитното друштво, а според тиражниот весник „Фанатик“ директорот Исмаил Картал веќе ја составил и листата со потенцијални засилувања. Елмас е играчот што Картал инсистира да го види во дресот на Анкарагучу во наредната сезона, но конечната одлука нема да биде донесена се до состанокот на управата на Фенербахче, на кој би можело да дојде и до смена на претседателската функција.

Претходниот став на клубот беше дека во преден план ќе бидат земени понудите од странски клубови за едногодишна позајмица, но тоа би можело да се промени и Елмас да се пресели во Анкара за наредната сезона.

Се вчитува...