Анри: Фудбалерите имаат поголема моќ отколку што мислат дека имаат

Поранешната ѕвезда на Арсенал, Барселона и на Франција вели дека играчите не треба да ја потценуваат својата способност да го променат начинот на кој функционира фудбалот

Додека ФИФА продолжува да се соочува со критики од дел од конфедерациите меѓу кои најгласна е УЕФА и навивачите, Анри ги охрабри играчите да го користат својот глас додека се одвива политичката битка за контрола врз меѓународниот фудбал.

„За мене, играчите имаат поголема моќ отколку што мислат дека имаат. Играчите ја имаат целата моќ ако сакаат, а понекогаш, мислам, не ја користат или всушност не ја сфаќаат моќта што ја имаат. И ако сакаат тоа да се промени, можат да го остварат тоа – особено во денешно време“, смета Анри.

ФИФА е под голем притисок по повеќекратните скандали околу Светското првенство во 2026 година, кои дополнително се влошија по извештаите за обидот на Џани Инфантино да ги продаде комерцијалните права на Светското првенство.

Се вчитува...