Прославениот француски фудбалер, Тјери Анри на собирот на водечките луѓе на спортската индустрија во Лондон говореше за ВАР. Поранешниот голгетер на Монако, Јувентус, Арсенал и Барселона вели дека не е против модерната технологија, но е разочаран од изгубеното време поради прегледот на сминките.
Притоа тој вели дека со него се уништува моментот па кога некој играч ќе постигне гол не знае дали треба да се радува. Додава дека мора да се најде подобро решение како во другите спортови.
„Секогаш заостануваме во фудбалот. Имаме уште многу да научиме. Одлуките во американскиот фудбал, рагбито, крикетот, тенисот.. се донесуваат за еден миг. Тука одлуката ја носи некој во камион или на некое друго место. ВАР не одлучува, тој само ја повторува ситуацијата. Ќе постигнете гол и не знаете што да правиме. Да славам ли? Не треба? Тоа ја уништува играта“, вели Анри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА