Антетокуомпо и Харис се играчи на неделата во НБА лигата

Јанис Антетокуомпо и Тобиас Харис се избрани за најдобри кошаркари на неделата во НБА лигата.

Антетокуомпо изминатава недела на четири натпревари просечно бележеше 32,8 поени, 14 скока и 6,5 асистенции по натпревар што му беше сосема доволно да биде прогласен за најдобар на Истокот.

Од друга страна, Харис просечено постигнуваше 24,8 поени со 8,8 скока по натпревар и со шут од игра од 56,5%, а неговите Клиперси изминатава недела запишаа три победи и еден пораз.

ЛА Клиперс, по 19 одиграни натпревари, се водечки тим на Западот пред Голден Стејт.

Се вчитува...