Антиќ: Девојките доадоа се од себе, резултатот не е објективен

По тригодишната доминација во куп-натпреварувањето, Вардар оваа година мора да се задоволи само со полуфинале откако избраничките на Јелена Антиќ беа поразени од Баскет КАМ со убедливи 95-59.

Скопскиот состав го отвори натпреварот со четири минутен „пост“ кој го искористи тимот од Македонска Каменица, па Вардар постојано ја бркаше негативата. Баскет КАМ покажа доминација на овој натпревар, постигнувајќи 42 поени под рекетот на „црвено-црните“, сегмент од играта кој младиот тим од „Кале“ ќе мора да го промени во разигурвањето за титула против денешниот противник.

„Прво сакам да им честитам на екипата Баскет Кам, заслужена победа. Им честитам и на нашите девојки за кои сметам дека дадоа максимум од тоа што можат да пружат. Мора да разбереме дека екипата на Вардар оваа година е доста помлада од Баскет Кам. Како и да е, мислам дека овој резултат не е објективен, но тоа е што е. Им посакувам многу среќа во финалето, а на нашите девојки им посакувам да се одморат и да се подготват за натпреварите што следат – повторно со Баскет Кам во плејофот. Ќе видиме што можеме да промениме во однос на нападот и на одбраната. Факт е дека противникот е физички подоминантен од нашата екипа. Ќе видиме што можеме да направиме, да пружиме подобра игра. Финалето ќе биде добар натпревар, со среќа нека им е и на двете екипи и нека победи подобриот“, изјави по мечот Антиќ.

Се вчитува...